Претходна статија
Промовиран монтажниот паркинг во Капиштец
Следна статија
Повторна објава за продажба на градежни парцели во битолската касарна

Претстојнава есен прилепчани ќе добијат јавен градски превоз

Објавено на 02.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Прилеп во втората половина од 2012 година ќе започне со имплементација на проектот за воведување на јавен автобуски превоз во градот. Како што пренесува радиото „Канал 77“, Сообраќајниот факултет од Битола во моментов ја работи студијата за оправданост на воведување на градски превоз, а од владата пристигнало ветување дека локалната самоуправа ќе добие 3 донирани автобуси од кинеската влада или од оние што се купени за Скопје.

 

 

*Ќе добие ли Прилеп дел од новите скопски автобуси?

 

 

Локалните власти сеуште не се одлучиле дали ќе формираат јавно претпријатие за организирање градски транспорт или пак линиите ќе се доделуваат на приватни превозници преку тендер. Покрај главниот град, организиран јавен превоз во Македонија имаат и градовите Битола и Куманово, кој е воспоставен во септември минатата година. Единствено Град Скопје има основано јавно сообраќајно претпријатие, додека останатите градови ги делат автобуските линии на приватни компании.

 

 

Бојан Блажевски