Претходна статија
Пуштена во употреба новата автобуска станица во Прилеп
Следна статија
За заштитениот дел на Студенчишко блато ќе се изработи архитектонско - урбанистички проект

Преспанското езеро ќе добие нова плажа најдоцна до ноември

Објавено на 04.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски денеска потпиша договор за уредување на плажа во должина 600 метри на брегот на Преспанското езеро. Битолската фирма „Стентон градба“ во наредните четири месеци ќе ја изведува плажата во должина од 500 метри во населбата Стење и дополнителни 100 метри во населбата Сливница. За овој проект од државниот буџет се издвоени финансии во висина од 39.990.200 денари (околу 645 илјади евра). Градежните активности ќе се реализираат врз основа на идејното решение изработено од архитектот Васко Крстевски.

 

Зафатот за изведба на нова плажа на Преспанското езеро ќе вклучи поставување на нов песок и хортикултурно уредување на просторот, опремување со тушеви, изградба на санитарни јазли, поставување урбана опрема, чадори, лежалки и други пропратни содржини. На плажата ќе биде изведен и шанк за услужување на посетителите. Покрај на ова езеро, во моментов во Дојран привршуваат изведбените активности на новата градска плажа.