Претходна статија
Со кредит од кинеската Ексим банка ќе се градат автопатите Скопје - Штип и Кичево - Охрид
Следна статија
Улицата Трета Македонска бригада ќе прерасне во булевар

Пресечена лентата за новата зграда на Јавното обвинителство

Објавено на 11.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Премиерот Никола Груевски ја пушти во употреба новата зграда на Јавното обвинителство на Р.М. и Основното и Вишото јавно обвинителство Скопје. Овој објект од проектот „Скопје 2014“ се наоѓа веднаш до Министерството за надворешни работи покрај реката Вардар. Груевски во својот говор напомена дека со новата зграда ќе се реши проблемот со недостигот на простор за овие институции и ќе се надмине плаќањето на ќирии за сместување во туѓи простории. Објектот со цилиндрична форма располага со површина од 9.620 метри квадратни и таа вклучува по четири сали за препознавање и сослушување, две конференциски сали, просторија за средба на адвокатите со своите клиенти, ресторан и кафе – бар за вработените.

 

Според досега објавените информации, цената за изградба на зданието достигна околу 14 милиони евра. Иако првичниот рок за завршување на работите беше ограничен на 12 месеци, од поставувањето на камен – темелникот во октомври 2010 година до денешното свечено отворање поминаа три години. Градежните работи ги изведе скопски „Бетон“ според проектот од ДИГПГ „Полар“ ДООЕЛ , додека за надзор беше ангажиран Градежен институт „Македонија“ А.Д.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект