Претходна статија
Прво основен проект, а потоа доизградба на плоштадот „Скендербег“
Следна статија
Ќе се адаптира зградата на Клиниката за кардиологија во Скопје

Преку 60 илјади потписи на петицијата против изградба на брани во Националниот парк „Маврово“

Објавено на 14.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По еден месец од стартот на меѓународната електронска петиција против изградбата на брани во Националниот парк „Маврово“, досега се собрани преку 60.000 потписи на поединци од целиот свет, кои со своето име и презиме застануваат во поддршка на иницијативата за спас на Маврово. Петицијата е објавена на веб – страницата „Rainforest Rescue“, а се однесува на најавената изградба на хидроелектраната „Бошков мост“ и на акумулацијата „Луково поле“. Истата е упатена директно до македонскиот премиер Никола Груевски, директорот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и директорот на Светската банка за Југоисточна Европа.

 


* Планираната акумулација Луково Поле

 

 

Во обраќањето се истакнува дека Маврово е еден од најстарите национални паркови во Европа. Извршниот директор на фондацијата Euronatur, Gabriel Schwaderer истакнува дека овие енергетски проекти претставуваат закана за уништување на националниот парк. „Не постои веројатност дека македонската влада би била способна да ги реализира овие проекти без финансиската поддршка на Светска банка и ЕБОР. Преземете акција и повикајте ги банките да го прекинат финансирањето и македонскиот премиер да ги отфрли проектите“, се наведува во онлајн петицијата.

 

Двете меѓународни финансиски институции планираат да ја финансираат изградбата на ХЕ „Бошков мост“ и акумулацијата „Луково поле“ со кредити во висина од 135 милиони евра.