Претходна статија
Раст на изградбата на нови станови во март годинава
Следна статија
Архитект Георги Константиновски одржа пристапно предавање во МАНУ

Префизибилити студија за нова електрана кај Неготино

Објавено на 11.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) до крајот на годинава ќе ги има првичните податоци за оправданоста од изградба на нова термоелектрана во Неготино што ќе го користи јагленот при производството на електрична енергија. Друштвото за инженеринг и консалтинг „Аф-Цонсулт“ од Скопје во наредните шест месеци ќе работи на префизибилити студија за планираниот енергетски капацитет, за што од државната компанија за оваа намена ќе добие над 1,8 милиони денари. Со претстојниот документ ќе треба да се понудат и неколку можни локации на кои би се изградила термоелектраната.

 

 

 

Факултетот за природни и технички науки од Штип пред неколку години утврди дека во неготинскиот регион има доволни количества за јаглен за наредните 30 години. Идејата за изградба на нова термоелектрана во Неготино беше лансирана од македонската влада уште пред осум години, но ништо од ветувањата не се реализираше. Притоа, постоечката ТЕ „Неготино“ во моментов се користи како ладна резерва во електропреносниот систем на Македонија, поаѓајќи од фактот дека истата го користи мазутот како енергенс за производство на електрична енергија.