Митеш Диксит, архитект и професор на Универзитетот Сиракуза, ќе одржи предавање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, на 19 декември, со почеток од 19 часот. Неговото предавање е насловено „Потребата за (ре)дефиниција“. Гостувањето на Митеш Диксит е негово второ излагање пред македонската публика во изминативе две години. Претстојното предавање е во рамките на програмата „360“, со која се предвидени серија на предавања на странски професори и експерти на Архитектонскиот факултет .