Германскиот архитект и професор Jürgen Patzak – Poor од берлинско архитектонско студио BARarhitekten ќе одржи предавање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Настанот ќе се одржи во текот на утрешниот ден, 21 март, со почеток од 19 часот. Како што информираат од Архитектонскиот факултет во Скопје, гостинот од Германија ќе биде и тутор на овогодинешната 27 – ма сесија на Летната школа за архитектура.