Македонскиот архитект Дамјан Кокалевски утре (30 октомври), со почеток од 19 часот, ќе одржи предавање на Архитектонскиот факултет при УКИМ на темата „Performing the archive: Skopje. From the ruins of the city of the future“. Како што информираат од Архитектонскиот факултет, предавањето е во рамките на програмата „Талент“, која што во претстојниот зимски семестар опфаќа серијал од настани на коишто ќе бидат претставени младите автори. Настанот ќе се одржи на скверот на Архитектонскиот факултет.