Претходна статија
Градежниците задоволни од економската и финансиската состојба во првото тримесечје
Следна статија
Продолжува изградбата на 100 тениски игралишта

Пречистителната станица во Гевгелија ќе почне да се гради во јуни

Објавено на 16.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Швајцарската компанија „Фела Планунгс АГ“ (Fela Planungs AG) и грчкиот конзорциум „Месогеос“ (Mesogeos) ќе бидат изведувачи на пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија. Проектот за заштита на животната средина во вредност од 9,6 милиони евра ќе започне со реализација во јуни годинава, по потпишувањето на официјалниот договор помеѓу инвеститорите и изведувачите на работите. Во делот на изградбата на пречистителната станица како прва фаза од проектот, работите ќе ги изведува швајцарската „Фела Планунгс АГ“ преку обезбедените финансиски средства од Швајцарската агенција за развој.

 

Втората фаза од проектот ќе ја изведува грчкиот конзорциум „Месогеос“, а финансиите за овој сегмент од проектот ја обезбеди грчката влада. Во рамките на овој дел ќе се изградат внатрешните сообраќајници во станицата, административните простории и линијата за обработка на милот во рамките на пречистителната станица. Третата етапа од овој обемен проект ја реализира македонската страна со изградбата на пристапен пат и мост преку реката Коњска што ќе води до самиот објект. Македонската влада ќе го финансира овој сегмент од проектот, а скопски „Гранит“ беше избран за изведувач на работите уште во текот на мај 2013 година.