Претходна статија
Тетово ќе добие нов трговски центар
Следна статија
ОСВРТ: Малкуте патишта многу споро ги градиме

Пречистителна станица за заштита на Треска

Објавено на 14.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стартуваше изградбата на пречистителна станица за комуналните отпадни води од селата Глумово, Шишево и околината. Станицата ќе има капацитет за преработка на 1.445 метри кубни отпадна вода дневно и ќе може да опслужува околу 10 илјади жители. Финансиските средства за реализација на проектот во висина од 610 илјади евра се одвоени од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање.


Министерството во наредниот период планира да изгради и пречистителни станици за отпадни води за населените места Матка и Лаки со што трајно ќе се реши проблемот со отпадните води во реонот, кои ја загадуваат реката Треска и подземните води. Системот за заштита на  водите на Треска се надврзува на системот во село Волково за заштита на водите на Лепенец. Со реализација на овие пречистителни станици директно и индиректно ќе се заштитуваат водите на Вардар, а за целосно заокружување на системот во скопскиот регион, треба да следува изградба на и пречистителни станици во Трубарево и Драчево.