Претходна статија
Промовирана најголемата вештачка карпа на Балканот
Следна статија
Отворен првиот саем за транспорт и логистика во Скопје

Пожар во „Стариот театар“ во изградба

Објавено на 04.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес околу пладне пожар го зафати „Стариот театар“ [»мапа] кој се обновува во рамки на проектот „Скопје 2014“. Во пожарот изгоре дел од покривот на објектот. „Во моментот се врши истрага од страна на органите за утврдување на причините за настанатиот пожар. Сакаме да истакнеме дека нема човечки жртви и станува збор за незначителна материјална штета. Пожарот е настанат на дел од подконструкцијата на кровниот покривач што е причина за густитот чад заради спецификата на материјалот. Објектот е инаку целосно осигуран и штетата ќе биде надокнадена.“ – изјави за медиумите Борјанка Серафимовиќ, стручен надзор на градилиштето. Неофицијално сепак проструи информација дека пожарот избувнал при заварувачки работи.

 

Обновата на „Стариот театар“ започна уште на почетокот на 2007 година и досега роковите беа неколку пати пробивани. Последната најава беше дека ќе биде свечено пуштен во употреба догодина на 27 март, на светскиот ден на театарот. Засега нема официјален став дали денешниот пожар ќе предизвика ново пролонгирање на отворањето. Недостапни за било каков коментар беа и од главниот изведувач „Бетон – Штип“.

 

» Форумска дискусија за „Стариот театар“

 

###

###

###

###

###

###

###