Претходна статија
На владата и требаат две години да најде концесионер за гасификација на земјава
Следна статија
Конечно ќе се работи на физибилити студија за помало загадување од РЕК „Битола“

Повторно тендер за избор на концесионер за етно – селото кај Нерези

Објавено на 21.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската влада повторно се премисли. Наместо самата да управува со проектот „Македонско село“ во Горно Нерези, повторно е распишан повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за стопанисување и управување со етно – селото. Како и во претходниот тендер, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија бара компанија што ќе управува со комплексот во наредните 20 години. Притоа, идниот концесионер за стекнување на правото на управување со проектот „Македонско село“ ќе мора да и уплати на државата минимум 30 милиони денари без вклучен ДДВ, односно по околу 2.000 евра месечно. Колку за потсетување, од државниот буџет за изградбата на етно – селото беа потрошени 5,4 милиони евра и дополнителни 1,3 милиони евра за внатрешно уредување на комплексот.

 

 

 

Ако работите се одвиваат во согласност со утврдената динамика, проектот „Македонско село“ ќе ги отвори вратите до крајот на годинава. Заинтересираните приватни инвеститори треба да ги достават своите понуди до владината служба најдоцна до 7 декември. Притоа, фирмите што сакаат да учествуваат на тендерот ќе мора да докажат дека поседуваат или имаат закупено барем два угостителски објекти со квадратура од 1.000 метри квадратни и капацитет од околу 112 легла.

 

Пуштањето во употреба на комплексот „Македонско село“ доцни веќе три години. Зданието се простира на површина од 15.000 метри квадратни, во чиј состав влегуваат традиционални куќи од велешко, битолско, струшко, прилепско, кратовско, беровско, делчевско, кумановско, тетовско, како и од реканскиот регион и од Скопска Црна Гора. Комплексот располага со сместувачки капацитети, простор за продажба на сувенири и еден сегмент наменет за ресторан во кој ќе се служи традиционална македонска храна.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk