После два неуспешни тендери, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони распиша трет повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за развој, финансирање, управување и вршење работи на основач на технолошко индустриската зона во Тетово. Најповолниот понудувач во наредните 96 години ќе треба да управува со индустриската зона која е со површина од над 974 илјади метри квадратни. Главен критериум при изборот на идниот партнер е цената што тој ќе ја понуди во доставената документација, но и бројот на вработени лица со македонско државјанство. Понудите од заинтересираните компании треба да се достават најдоцна до 15 јануари. Индустриската зона во близина на тетовското село Сараќино е планирана како простор за изградба на објекти за производство, дистрибуција и сервисни дејности.
Од идниот инвеститор се очекува да вложи околу 15 милиони евра во изведба на неопходната внатрешна инфраструктура, а дополнителни 4 до 5 милиони евра е предвидено да се издвојат за сообраќајна инфраструктура, административен објект и терминал. Досега пропаднаа два тендера за пронаоѓање на партнер кој ќе управува со индустриската зона, при што во април годинава беше поништен вториот тендер иако беа пријавени две турски и една норвешка компанија. Државата се обиде сама да ја изгради потребната инфраструктура во ТИРЗ Тетово во текот на 2010 година со инвестиција од буџетот во износ од околу 5,5 милиони евра. Доколку успешно се спроведе третиот тендер и се изгради изведе инфраструктурата, во идната индустриска зона преку директни странски инвестиции би можеле да се вработат околу 7 илјади лица.
» Форумска дискусија за ТИРЗ Тетово
[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=l4mYwyFeLPI&rel=0&w=515]