Претходна статија
Земјиштето во индустриските развојни зони ќе се приватизира
Следна статија
Охрид во потрага по идеи за уредување на Кејот „Македонија“

Повторно пролонгиран терминот за понуди за скопскиот трамвај

Објавено на 28.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Тендерот за изградба на трамвај во Скопје ќе наполни една година. По септемвриското пролонгирање на рокот, Градот Скопје деновиве го определи 28 јануари 2015 година како краен датум за доставување на понудите од компаниите што се заинтересирани за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на трамвајот во главниот град. Ова е четврто поместување на датумот за испраќање на понудите, по првичното одложување на почетокот на мај, како и почетокот на септември и почетокот на ноември како дополнителни рокови. Кон крајот на јануари 2015 година ќе бидат познати имињата на компаниите што пројавиле интерес за реализација на скопскиот трамвај.

 

 

 

Освен крајниот рок, не се променети други сегменти од веќе распишаниот тендер за воспоставување на јавно – приватно партнерство. Компанијата што ќе биде избрана, предвидено е да управува со трамвајскиот систем во период од 35 години. За изградба на трамвајската линија 1, со должина од 12,1 километри, и за набавка на најмалку 22 трамвајски возила, таа ќе треба да инвестира 243 милиони евра. За возврат, идниот концесионер би ги добивал приходите од остварената продажба на билети и од сите други извори на финансирање. Огласот за доделување на договор за јавно – приватно партнерство за изведба на трамвајот во Скопје беше објавен на почетокот од јануари 2014 година.

 

 

Текст и фото: Бојан Блажевски