Претходна статија
Нови огради на плоштадот
Следна статија
Бетон

Повторно оспорен тендерот за двокатни автобуси

Објавено на 03.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кинеската фирма Кинг Лонг најавува тужба по одлуката зделката за 202 двокатни автобуси да биде доделена на Јутонг, кој е исто така кинески производител. Кинг Лонг понуди подобри технички карактеристики на возилата и цена пониска за 4,5 милиони евра. Сепак нивната понуда комисијата за спроведување на јавната набавка не ја земала во предвид затоа што дизајнот на возилата не наликувал на автобусите кои се движеле во Скопје пред земјотресот. Од Кинг Лонг исто така посочуваат дека Јутонг досега не произвел двокатен автобус. Минатата година, после три неуспешни тендери, Јутонг беше избран за победник на четвртиот, но тендерот беше поништен од второстепена комисија, со образложение дека производителот не можел да ја гарантира бараната динамика на испорачување.