Претходна статија
Драстичен пораст на добивката на штипски „Бетон“
Следна статија
Прво основен проект, а потоа доизградба на плоштадот „Скендербег“

Повторно нема заинтересирани за изградба на барокната зграда на МЖ – Инфраструктура

Објавено на 13.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ниту една компанија не доставила понуда за изградба на деловниот објект на Македонски железници – Инфраструктура на вториот јавен повик што беше објавен во средината на април. Иако побаравме информации во врска со овој проект, одговорните од МЖ – Инфраструктура не дадоа одговор на поставените прашања од „Билд“. Во изјава за порталот „Плусинфо“, од претпријатието велат дека дополнително ќе одлучуваат за следните чекори што ќе се преземат во однос на изградбата на новата шесткатна деловна зграда на булеварот „Јордан Мијалков“ (поранешна „Железничка“) во Центарот на Скопје.

 

Бараките на чие место треба да се гради „барокниот“ објект на МЖ-ИнфраструктураИдејата на раководството на ова јавно претпријатие беше да се пренесе правото на градење на приватна компанија, со што ќе се обезбеди нов административен простор за МЖ – Инфраструктура, а приватниот партнер за возврат би добил до 70% од зградата со бруто развиената површина од 9.003 метри квадратни. Покрај барањето за префрлање на дел од просторот, потенцијалните инвеститори беа условени да изработат идејно решение во стилот на барокот, класицизмот или неокласицизмот. Првиот обид за пронаоѓање на инвеститор беше направен на почетокот од март годинава.