Претходна статија
Пуштен во употреба патот до скијачкиот центар Маврово
Следна статија
Ќе се реконструира и проширува скопската градинка „13-ти Ноември“

Повторно ќе се интервенира на скопскиот мост Гоце Делчев

Објавено на 23.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Советот на град Скопје на последната седница ја усвои одлуката за примање донација – проект за одржување на мостот Гоце Делчев од фирмата „ГЕИНГ Кребс унд кифер интернешнл и други ДОО“. Проектот е во вредност од 6.500 евра и истиот претставува наменска донација од компанијата во насока на идно одржување на овој инфраструктурен објект во центарот на Скопје. Изработката на проектната документација е дел од планираната санација на надворешниот дел на мостот, кој по 13 години од неговата темелна реконструкција повторно е оштетен.

 

 

Мостот „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно саниран во 2002 година од француската компанија „Фресине“. Оттогаш до денес доби нова „барокна“ ограда и осветлување, а се поставија и четири бронзени лавови тешки по неколку тони на приодите кон мостот. Градските власти засега не излегуваат со информации за тоа кога ќе се санира надворешниот дел на мостот, ниту пак е објавено колку ќе чини реконструктивниот зафат.