Претходна статија
Советот на Европа против проектите „Бошков мост“ и „Луково поле“
Следна статија
Пуштен во употреба пешачкиот натпатник меѓу Хиподром и Инџиково

Повторно доцни изградбата на општинската зграда во Карпош

Објавено на 08.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Администрацијата и граѓаните на скопската општина Карпош и во 2015 година нема да ја добијат ветената општинска зграда [»мапа]. Доцни реализацијата на градежните работи за довршување на објектот, кој со неколку прекини се гради од октомври 2012 година. На терен досега е реализиран минимален дел од активностите за доградување на зданието, иако договорот беше потпишан уште во летото 2014 година. Работата е прекината во фазата на фасадно обликување, која се одолговлекува веќе неколку месеци наназад.

 

 

 

Замислените куполи и застаклувањето на административниот објект треба допрва да се изведуваат, исто како и градежно – занаетчиските работи во внатрешноста, а потоа зградата ентериерно ќе се уредува и ќе се опреми со мебел. Крајниот рок за завршување на севкупните градежни работи засега е непознат. Она што се знае е дека изведувач на проектот е бугарската фирма „Неотех инженеринг“ од Софија, која за сума од 88,2 милиони денари (околу 1,4 милиони евра) веќе требаше да го догради административното здание.

 

Објектот со приземје, три ката и покровје е предвидено да има вкупна површина од 4.500 метри квадратни, како и сопствен паркинг простор. Архитектонското обликување на зградата е решение на студијата „СКАрС“ и „Архитектри“, како проектант се јавува „Бортас“, додека надзорот над градежните работи го врши „Карапанчевски Компани“.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk