Претходна статија
Продолжува доградбата на општинската зграда во Охрид
Следна статија
Заврши изградбата на кружниот тек во населбата Автокоманда

Повторно актуелизирано продолжувањето на булевар „Илинден“

Објавено на 12.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Еден од нереализираните проекти од пост-земјотресно Скопје повторно актуелизиран од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата Никола Груевски и администрацијата на Град Скопје денеска ја лансираа идејата за продолжување на булевар „Илинден“ кон општина Ѓорче Петров, по неколкугодишно затишје од последното ветување за проектот. „Ова е доста комплициран проект кој не е ветен. Имаме сообраќајна студија. Се работи за булеварот „Илинден“ да се продолжи право со мост преку Вардар, па потоа во општина Ѓорче Петров. Тоа е капитален проект. Минималната вредност ќе биде 10 милиони евра и се очекува реализација по 2018/19“ вели Марјан Тодоровски од Град Скопје.

 

Најновото ветување за продолжување на булеварот „Илинден“ доаѓа по реконструкцијата и проширувањето на оваа скопска сообраќајница, која беше реализирана во три фази од страна на Градот Скопје. Според постојните планови, трасата би се движела од артериските бунари на „Водовод“ во Карпош 4, преку сервисите и индустриските објекти во населбата Ѓорче Петров кон селото Орман и скопската обиколница. Сообраќајницата ќе минува низ земјиште за кое допрва треба да се решат имотно-правните односи, а планирано да се гради и нов мост на реката Вардар кај телевизија „Канал 5“.

 

Со евентуалното спроведување на проектот по 2019 година, општина Ѓорче Петров и западниот дел на Скопје би добиле уште едно поврзување со центарот на градот, покрај постоечките два моста. Проектот првенствено ќе значи намалување на сообраќајниот метеж на булеварот „Партизански одреди“, искористување на целосниот капацитет на булеварот „Илинден“ и подобра искористеност на скоската обиколница.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Илинден