Претходна статија
Догодина ќе се гради втората секција од жичарницата на Водно
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: „Скопје 2014“ се надгради со уште еден плоштад и гаража

Повторен повик за расправа за „барокот“ во кампусот на УКИМ

Објавено на 25.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Професорскиот пленум упати повик до сенаторите – членови на Сенатот на УКИМ да побараат свикување на итна и јавна вонредна седница, која би се одржала најрано на 8-ми, а најдоцна на 15-ти јануари 2016 година. Од пленумот бараат на овој јавен настан да присуствуваат претставници на Студентскиот пленум, на младинската организација Мугра и на Професорскиот пленум, како и претставници на медиумите. Седницата на Сенатот на УКИМ би се закажала за три точки: дали и кој ја издал дозволата за сечење дрвја во паркот на Универзитетот во доцните ноќни часови; дали имало официјален повик, кој го издал и заради што го издал повикот специјалната полиција да влезе на територијата на Универзитетот; и да се даде информација за процедурата и правната основа за започнатите градежни активности во рамките на кампусот.

 

Имотен лист со кој се докажува правото на сопственост на земјиштето од УКИМ
* Имотен лист со кој се докажува правото на сопственост на земјиштето од УКИМ (кликнете на сликата за поголема резолуција)

 

 

Јавниот повик од Професорскиот пленум до сенаторите следува по одлуката на ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски да не свика вонредна седница на Сенатот на УКИМ во однос на поставените прашања. Во меѓувреме, од Студентскиот пленум и понатаму поставуваат прашање за сопственоста на земјиштето на кое се градат двата „барокни“ факултети на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. „Доколку навистина Универзитетот нема надлежност врз земјиштето на кампусот како што се правда Ректорот, тогаш јавно го прашуваме зошто во Имотниот лист бр. 9128 пишува дека УКИМ има право на користење на тоа земјиште“, прашуваат од Студентски пленум.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект