Претходна статија
Намалена бројката на предвидени станови за градење во декември 2017 година
Следна статија
Конкурс на Град Скопје за дизајнирање на урбана опрема

Повик до македонските архитекти за учество на „Share Tirana 2018“

Објавено на 13.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Меѓународниот форум за архитектура и инженерство „Share Tirana 2018“ ќе се одржи на 20 февруари во Тирана. На архитектонскиот настан се поканети и македонски архитекти, а регистрацијата на настанот за членовите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија е бесплатна. Манифестацијата е одлична можност за размена на идеи, споделување на знаења, вмрежување и црпење инспирација со и од колеги од другите земји. На претстојниот форум во Тирана ќе се претстават архитекти од 10 земји (Албанија, Бугарија, Италија, Белгија, Романија, Косово, Иран, Македонија, Холандија и Велика Британија) со своите наградени проекти.

 

 

 

Претстојниот настан во Тирана е организиран како резултат на партнерството меѓу Албанската асоцијација на архитекти, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Асоцијацијата на архитекти на Косово.