Автобускиот транспорт во првите три месеци од 2017 година бележи позначаен раст. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен за 6,5% во однос на идентичниот период лани. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 1,4%, во приградскиот превоз за 15,9%, во меѓународниот превоз за 23,8%, додека единствено намалување од 0,8% е забележано кај меѓуградскиот автобуски транспорт.
Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патници е намален за 0,9%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 7,3%, во приградскиот транспорт е зголемен за 11,3%, во меѓународниот превоз за 4,5%, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 6,9%. Автобускиот превоз во првите три месеци од годинава имал вкупно 22.164.000 корисници на неговите услуги.