Претходна статија
Груевски вели дека „класицистичката“ палата на ЕЛЕМ е готова
Следна статија
ВМРО-ДПМНЕ со демант до порталот „Билд“ за новиот објект на ЕЛЕМ

ПОЦ: Да се спречи изградбата на катна гаража кај „Автомакедонија“

Објавено на 26.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) јавно достави барање до надлежните институции да го поништат купопродажниот договор за земјиштето на кое е предвидено да се гради катната гаража спроти Музејот на град Скопје. Планираниот објект со висина од 29 метри веќе неколку години предизвикува спор меѓу жителите од околните згради, општина Центар, инвеститорот „Никофон“ и државната власт. „Поднесовме барање за конечно раскинување на сите спорни договори за катната гаража на „Никофон“, побаравме да се поништат одобренијата за градба, земјиштето да се врати во сопственост на Република Македонија и да се користи како паркинг за жителите“ изјави Саша Богдановиќ, директор на ПОЦ.

 

 

Од јавното претпријатие посочуваат дека ќе побараат од новата влада да преземе одлучни чекори со кои ќе се поништат сите купопродажни договори за земјиштето во центарот на Скопје, вклучувајќи ја и онаа за „барокната“ катна гаража. Компанијата „Никофон“ во јуни 2012 година го купи земјиштето со површина од 1.245 метри квадратни и за него плати по 100 евра за метар квадратен. Како и во неколку случаи со други приватни инвеститори, Министерството за транспорт и врски го наложи идејно решение според кое компанијата беше должна да го изгради објектот во „барокен“ стил.