Претходна статија
Загадувањето пред предизвик - „НаТочак“ предлага велосипедски превоз
Следна статија
Итна седница на Сенатот на УКИМ за изградбата на нови објекти во кампусот

Потпишани договорите за реализација на топлификацијата во Битола

Објавено на 29.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија, ЕЛЕМ и КфВ банката денеска потпишаа една спогодба и три договори за реализација на проектот за изградба на нов систем за централно греење во Битола, Новаци, Могила и Логоварди. Со склучениот договор, германската КфВ банка му дава заем на ЕЛЕМ во износ од 39 милиони евра за спроведување на овој инфраструктурен проект, со фиксна каматна стапка од 1,5% и рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс – период од четири години. За изведба на топлификацијата на битолскиот регион, државната компанија ЕЛЕМ треба да одвои сопствени средства во висина од 7,5 милиони евра.

 

Во првата фаза се предвидува да биде изграден магистрален цевковод од РЕК „Битола“ до самиот град во должина од 12,5 километри, потстаница и дистрибутивна мрежа во Битола, како и приклучоци до дистрибутивните мрежи во Новаци, Могила и Логоварди, додека во втората фаза е планирана изведба на дистрибутивните мрежи во овие населени места. Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека со проектот е предвидено да се искористи отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК „Битола“. „Во првата фаза од проектот предвидено е освен домаќинствата во Битола, на топловодната мрежа да се приклучат 35 јавни објекти од општината“, изјави вицепремиерот Ставрески.

 

Заменик – амбасадорот на СР Германија во Македонија, Ханс Хелге Сендер посочи дека проектот за изградба на централен систем за греење во Битола е маркер на плодната соработка меѓу германската и македонската влада. Тој информираше дека проектот ќе се имплементира од ЕЛЕМ во наредните четири години, а КфВ банката ќе ги исплати директно финансиските средства на компанијата – изведувач, која ќе се избере на меѓународен тендер. „Парите ќе бидат исплаќани на рати по завршување на работите и ретроактивно ќе бидат рефундирани на компанијата – изведувач за трошоците што ги направила“, нагласи заменик – германскиот амбасадор. Електрани на Македонија во изминатиов период ја изработи неопходната физибилити студија и ја подготви проектно – техничката документација.