Претходна статија
Ќе се градат две згради спроти „Бристол“, ќе се затвора Зеленото пазарче
Следна статија
Споменикот на Карев поставен на постаментот пред Собранието

Потпишани договори за реализација на колонадата од Скопје 2014

Објавено на 27.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На левиот брег на Вардар во Скопје, на просторот помеѓу објектите на АЕК и на Јавното обвинителство кои се во изградба, наскоро треба да почне да се гради амфитеатар со античка колонада. За таа цел Општина Центар склучи договори со градежната компанија „Бетон“ и со „РЖ Институт“ во вкупна висина од 1.230.000 евра. „Бетон“ ќе ги врши градежните работи за сума од 880.000 евра, а „РЖ Институт“ за 350.000 евра ќе ги лие 11-те бронзени скулптури високи по 2,5 метри кои се дел од проектот. Се работи за девет музи чии автори се Жарко Басевски, Беди Ибрахим и Богоја Ангелкоски и два лава чив автор е Мирослав Славковиќ. Хонорарите за авторите на деветте музи изнесуваат по 10.000 евра, а хонорарот за авторот на лавовите изнесува 18.000 евра. Колонадата ќе биде висока осум метри. Проектот го изработи „Мегарон Инженеринг“.