Претходна статија
Прилеп подготвен да инвестира во новиот стадион „Гоце Делчев“
Следна статија
Првото тримесечје донесе раст на добивката на скопски „Бетон“

Потпишан договорот за адаптација на Милениумскиот крст

Објавено на 09.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#ЈСП-Скопје ја избра фирмата „Турбоинженеринг“ ДООЕЛ Скопје како најповолен понудувач за претстојната адаптација на Милениумскиот крст на Водно. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 69 милиони денари, а изведбата треба да заврши во рок од девет месеци. Според информациите кои денеска ги добивме од ЈСП, „Турбоинженеринг“ е должен да изврши антикорозивна заштита на челичната конструкција, замена на електричниот лифт, илуминација на објектот, како и зафат кој опфаќа изведба на пречистителна станица за отпадни води и резервоар за питка вода.

 

Договорот со „Турбоинженеринг“ е склучен на 28 април годинава, по спроведувањето на тендерската постапка која резултираше со две доставени понуди. По завршувањето на градежните активности, планирано е да се отвори најавениот ресторан во рамките на ова здание, со кој ќе стопанисува сопственикот на ресторанот „Воденица“, Стојан Филиповски.

 

Тендерот за адаптација на Милениумскиот крст беше објавен на почетокот од јануари годинава. Овој објект на врвот на планината Водно беше свечено отворен за посетителите во 2002 година. Проектната документација за негова изградба ја изработија архитектите Јован Стефановски – Жан и Оливер Петровски.

 

 

» Форумска дискусија за Милениумскиот крст