Претходна статија
Повторно неуспешен тендер за довршување на изградбата на кичевската болница
Следна статија
Уставен суд: МОБ, ГТЦ и НУБ не се објекти од посебен интерес за државата

Потпишан договор за изградба на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари

Објавено на 05.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Струмичката Градежна фирма „Жикол“ ќе ја реализира првата фаза од изградбата на кејската улица „Гоце Делчев“ во селото Оризари. Ова населено место со планираната улица ќе се поврзе со регионалниот пат и со градот Кочани. Предвидената должина на улицата е 743 метри, со ширина на коловозот од 7 метри и со тротоари од двете страни со ширина од по 1,5 метри. Инвеститор во проектот е општина Кочани, која за реализација на проектот доби финансиски средства од ИПА фондовите на ЕУ во висина од 260.000 евра. Од локалниот буџет се алоцирани дополнителни 56.000 евра за изведба на предвидените градежни работи.

 

Кејската улица „Гоце Делчев“ треба да обезбеди подобра сообраќајна врска во населеното место Оризари и зголемување на безбедноста во сообраќајот во Кочани. По изведбата на првата фаза од улицата, локалните власти планираат да се насочат кон целосно довршување на проектот.