Претходна статија
Во ноември опаднала вредноста на градежните активности
Следна статија
ТЕМА: Треба ли да се менува проектот „Скопје изнајми велосипед“?

„Порта Македонија“ свечено претставена на јавноста

Објавено на 06.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес беше пресечена црвена лента за „Порта Македонија“, а од понеделник објектот ќе биде достапен и за граѓаните. Портата е висока 21 метар и е дел од проектот за поставување 35 скулптури во центарот на Скопје. Лоцирана е на улицата 11 Октомври, помеѓу Плоштадот „Пела“ и Градскиот трговски центар [»мапа]. Според министерката за Култура, Елизабета Канческа Милевска, објектот ја симболизира големата победа на македонската цивилизација на мирот и на нејзината повеќевековна борба за осамостојување.

 

За изградба на триумфалната порта беа потрошени околу 4,5 милиони евра. Проектот го изработи „Неимар инженеринг“, изведувач на работите беше „Гранит“, а надзорот го вршеше „Градежен институт Македонија“.

 

Скулпторката Валентина Каранфилова – Стефановска врз прилепски мермер „сивец“ изработи 32 релјефи во длабока резба, со вкупна површина од 193 метри квадратни. На релјефите се прикажани сцени од праисторијата преку наколната населба во Заливот на коските, антиката со Александар Македонски, средниот век со Цар Самоил, Крале Марко и Карпош, и 20-от век со Илинден, АСНОМ, Егзодусот од Егејска Македонија па се до 8-ми септември 1991 година.

 

Во внатрешноста има продавница за сувенири и галериски простор на две нивоа, а најгоре платформа за набљудување. До април влезот ќе биде бесплатен,  после што се планира да се почне со наплаќање на влезници. Се очекува до тогаш да биде спремен и галерискиот простор.

 

 

###

###

####

###

####

###

###

#Продавницата за сувенириПродавницата за сувенири

#Галерискиот простор#

Платформата за набљудувањеПоглед од платформата за набљудувањеПоглед од платформата за набљудување