Претходна статија
Пуштен во употреба надградениот граничен премин „Табановце“
Следна статија
Зградата на Албанскиот театар дури во октомври ќе биде пуштена во употреба

Пораснале трошоците за изградба на нови домови за индивидуално домување

Објавено на 31.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Почетокот на 2018 година донел позначителен раст на трошоците во градежништвото при изведбата на нови домови за индивидуално домување во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, споредено со идентичниот период лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,2%, додека трошоците за материјали пораснале за 3,6%. Убедливо најголем раст од 10% е регистриран кај трошоците за вработени.

 

Покрај тоа што пораснале во споредба со истиот период од 2017 година, статистичарите во периодот јануари – март 2018 година пресметале раст и во споредба со последниот квартал од минатата година. Па така, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1%, трошоците за материјали се повисоки за 2%, додека намалување од 1,6% е забележано кај трошоците за вработените.

 

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.