Претходна статија
Горно Лисиче доби парк со површина од 6.500 метри квадратни
Следна статија
Фасадно уредување и осветлување за спортската арена „Филип Втори“

Порасна цената и на Музејот на македонската борба

Објавено на 13.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Две години по свеченото отворање, Музејот на македонската борба за државност и самостојност сè уште го нема добиено замислениот изглед. Министерството за култура пред 10-тина дена потпиша нов договор со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за изведување на работи за дополнување на музејската поставка. Постапката е спроведена со преговарање без претходно објавување на оглас. Во насока на реализација на неопходните активности, од државниот буџет за овој зафат ќе се исплатат 86.491.659 денари или околу 1,4 милиони евра. Пропишаниот рок за изведба на работите изнесува шест месеци.

 

 

 

Од почетокот на изградбата до денес во оваа музејска установа со површина од 2.500 метри квадратни се инвестирани преку 14,7 милиони евра. Во нејзините простории се претставени 109 восочни фигури, 69 уметнички слики и 17 портрети од македонската историја. Музејската збирка е составена од 1.187 експонати, меѓу кои е и Декларацијата за независноста на Македонија. Ова здание од проектот „Скопје 2014“ беше пуштено во употреба пред две години на Денот на независноста – 8 Септември.