Општина Карпош ги поништи двата тендера за изградба на спортска сала и затворен пливачки базен во училиштето „Лазо Трповски“ во населбата Карпош 3. Локалната самоуправа се одлучила на ваков чекор поради тоа што не била поднесена ниту една соодветна понуда. Тендерската постапка беше отворена изминатава есен, а за реализација на проектот веќе се изработени и идејни решенија за идниот изглед на спортските објекти.
Локалните власти во изминативе неколку години ветија дека ќе изградат пет нови затворени базени во основните училишта на територијата на општина Карпош. Дополнително, ветена е и изградба на спортски сали за оние училишта каде недостасуваат вакви објекти.