Претходна статија
ТЕМА: Скопје трета година по ред ќе остане без забавен парк за најмладите
Следна статија
Владата лани доделила 642 субвенции за купување печки на пелети

Поништен тендерот за изградба на водовод во индустриската зона Визбегово

Објавено на 03.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската индустриска зона Визбегово и годинава ќе се изначека на решавање на горливиот проблем со недостиг на водоводна и канализациона мрежа. Наместо да започне изградбата на водоводот, тендерската постапка за избор на изведувач е поништена од страна на Државната комисија за жалби. Како резултат на ваквиот чекор, од Министерството за транспорт и врски на почетокот од годинава ќе мора да распишат втор по ред тендер за доведување на питката вода до индустриската зона Визбегово. Поништениот тендер беше распишан кон крајот на октомври минатата година, а очекувањата беа водоводот да се заврши во втората половина од 2019 година.

 

 

По бројните перипетии со изградбата на неопходната инфраструктура, актуелната влада им вети на компаниите дека ќе им овозможи поврзување на нивните индустриски објекти во Визбегово со водоводна и канализациона мрежа. Во делот на водоводот, предвидено е да се изградат шест делници со цевки во должина од над 7,3 километри. За проектот вреден 117 милиони денари допрва ќе се распишува нова тендерска постапка, а од Министерството за транспорт и врски треба да објават засебен оглас за пронаоѓање изведувач на канализационата мрежа на оваа локација.