Претходна статија
Нов објект за единствената детска градинка во Дебар
Следна статија
Споменикот на Ќосето ќе ја напушти Судската палата во Скопје

Поништен тендерот за изградба на патарина на автопатот Демир Капија – Смоквица

Објавено на 03.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за изградба на наплатната рампа „Миравци“ на новиот автопат Демир Капија – Смоквица. „Тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите“ се наведува во образложението. По ваквиот чекор, речиси е извесно дека пуштањето во употреба на новиот автопат ќе следува пред завршувањето на планираниот наплатен пункт, така што граѓаните во првите месеци ќе ја користат оваа делница без плаќање на патарина.

 

 

Од јавното претпријатие во наредниот период ќе треба да распишат нов тендер за изградба на наплатната рампа „Миравци“. Проценките се дека реализацијата на проектот ќе чини околу 100 милиони денари. Првиот тендер беше објавен кон крајот на август годинава.