Намалениот обем на работа на градежните компании во земјава донеле намалување на потрошувачката на градежни материјали и енергија во текот на 2017 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, деловните субјекти од градежната дејност лани потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.701.532.000 денари, што е за 24,9% помалку во однос на претходната година. При изградбата на новите објекти, компаниите потрошиле најмногу средства за материјалите за врзување – вкупно 3.574.938.000 денари, односно 36,8% од севкупните средства.
Деловните субјекти од градежниот сектор за потрошеното гориво во 2017 година издвоиле 1.336.566 илјади денари, додека за изолациските материјали и премази се алоцирале 1.184.713.000 денари. Најмалку средства од градежните компании лани биле издвоени за градежните материјали за покриви, кои учествувале со само 13.536.000 денари при изведбата на новите објекти.