На покривите од здравствените објекти низ Скопје ќе се произведува електрична енергија од фотоволтаични системи. ЈЗУ „Здравствен дом“ од Скопје ќе инвестира во инсталирање на соларни електрани во поликлиниките „Бит Пазар“, „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“. Производството на обновлива енергија во рамките на овие здравствени установи треба да започне најдоцна до мај 2019 година. За реализација на проектот е ангажирана фирмата „КМГ ЕОЛ Квазар“ од Скопје.
Фотоволтаичните системи ќе имаат првенствена функција за делумно задоволување на потребите на електрична енергија за потребите на скопските поликлиники. Проектот е во вредност од 22,3 милиони денари, а средствата се обезбедени од ЈЗУ „Здравствен дом“ Скопје.