Претходна статија
Нов трговски центар отворен во Скопје
Следна статија
Нови 52 милиони денари за катната гаража кај „Работнички дом“

Поголема потрошувачка на струја и гас во 2014 година

Објавено на 13.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Македонските компании и домаќинствата во текот на наредната година ќе потрошат за 4,4% повеќе енергија од тековната година, се наведува во предложениот енергетски биланс за периодот 2014 – 2018 година. Предлог – енергетскиот биланс за наредните пет години предвидува и зголемување на потрошувачката на гас. Вкупните потреби за енергија во 2014 година ќе се обезбедат со 57,5% домашни извори и 42,5% со увоз од странство. „Во периодот од 2014 до 2018 година се очекува вкупните потреби од примарна енергија да растат во текот на целиот период со просечна стапка (во однос на 2013 година) од 2,6% годишно и тоа најголем пораст се очекува кај природниот гас и кај коксот, додека кај останатите облици на енергија просечниот пораст е помал од 4% годишно“, истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната стручна дебата на оваа тема.

 

Според зборовите на министерот Сарачини, финалната потрошувачка во 2013 година е пониска за 7,2% во однос на 2012 година, и за 8,6% во однос на планот за 2013 година, при што кај сите видови енергија и енергенти има намалување освен кај природниот гас, каде зголемувањето изнесува 3,4%. Најголемо учество во финалната потрошувачка на енергија има електричната енергија и нафтените деривати со по околу 40%, додека останатите облици на енергија учествуваат со 20%. Потрошувачката на енергија во 2013 година изнесува 115.931 ТЈ, при што домашните извори во нејзиното обезбедување учествуваат со 55,9%, а останатиот дел се покрива со увоз.