Претходна статија
Охрид ќе гради нова автобуска станица и катна гаража по пат на јавно - приватно партнерство
Следна статија
GEZE ќе ги претстави во Македонија своите најнови продукти

Подземна гаража ќе се гради спроти „Кинг Бургер“

Објавено на 28.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежно земјиште за изградба на комунална инфраструктура – подземна гаража покрај булеварот „Климент Охридски“. Објектот е планирано да се реализира на местото на сегашниот мини парк и простор за паркирање, лоциран спроти некогашната сендвичарница „Кинг Бургер“ [»мапа]. Градежната парцела е со големина од 873 метри квадратни, од кои 835 се во државна сопственост, а останатиот дел е во сопственост на приватно лице, кое за надоместок од 120.000 денари за метар квадратен ќе му го отстапи на заинтересираниот инвеститор. Подземниот гаражен простор е предвиден на две нивоа, при што со првото ниво треба да се обезбеди паркинг простор за минимум 28 возила, додека второто да има капацитет од барем 36 возила.

 

Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесува 61 денари за метар квадратен за сегментот кој е во државна сопственост, пријавите за лицитацијата треба да се достават до 28 ноември, додека истата е планирано да се одржи на 5 декември. Купувачот на парцелата ќе треба да обезбеди одобрение за градење од локалната самоуправа во рок од 9 месеци од солемнизацијата на договорот и е должен да го заврши гаражниот објект во период од 6 години од добивањето на градежната дозвола. Покрај на булеварот „Климент Охридски“, во моментов во центарот на Скопје е актуелна изградбата на подземни гаражи на локацијата кај македонското собрание, за која е распишан дополнителен оглас од надлежното министерство и просторот кај Македонската опера и балет.