Претходна статија
„Тетрактис“ со Гран-при награда на архитектонски фестивал во Минск
Следна статија
Магистралните гасоводи ги испокараа власта и опозицијата

Подготвена документацијата за изградба на четири регионални депонии

Објавено на 14.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со европски пари се изработи планската документација за четири регионални депонии во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион. Денеска беа претставени резултатите од двегодишниот проект за интегриран финансиски самоодржлив систем за управување со отпад, кој беше финансиран од Европската унија. Со проектот беа опфатени региони во кои живеат околу 1,2 милиони луѓе, кои произведуваат речиси 330.000 тони отпад на годишно ниво. Во проектот се вклучија 43 македонски општини, при што во неговата имплементација се вложија 3,58 милиони евра.

 

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на проектот се изработени Регионални планови за управување со отпад, Стратешка оценка на животната средина, Физибилити студии, Анализи на трошоци, Оценки за влијанието врз животната средина, Основни проекти и помош при изработката на тендерски документации за идните капацитети. Со ова, Европската унија ѝ помогна на земјава да ја комплетира целокупната документација, со која во наредниот период ќе може да побара финансиски средства од меѓународните финансиски институции или од европските претпристапни фондови за изградба на регионалните депонии.