Прилепската фирма „Теракота инженеринг“ ќе ја гради новата спортска сала во рамки на Домот за деца без родители „11 Октомври“ во скопската општина Центар. Договорот со Агенцијата за млади и спорт е во вредност од 28.251.728 денари или околу 460 илјади евра, а рокот за комплетирање на зафатот е 15 месеци. Објектот ќе се гради по принципот „клуч на рака“, со што децата од оваа социјална установа ќе добијат комплетно нова сала.
Штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври“ веќе подолг временски период ја очекуваат изградбата на спортска сала во која ќе можат да ги реализираат спортско – рекреативните активности. Тендерот за избор на најповолен изведувач на планираниот објект беше објавен кон крајот на април годинава.