Претходна статија
Русинот Самсоненко ќе го гради фудбалскиот тренинг - центар во Хиподром
Следна статија
Леарницата во Пробиштип ќе се градела по светски стандарди

Почина првиот македонски архитект – урбанист Љубе Пота

Објавено на 31.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вчера во Скопје на 97 – годишна возраст почина архитектот – урбанист Љубе Пота. Љубе Пота (1918-2015) е првиот македонски архитект, кој целиот свој професионален живот го посветил на урбанизмот. Во неговата богата кариера, урбанистот Пота ги изработи урбанистичките планови за македонските градови Тетово, Берово, Кавадарци, Крушево и Ресен. На почетокот од 60-те години на минатиот век, Љубе Пота изработил неколку детални урбанистички планови за реконструкцина на делови од Скопје.

 

 

 

По скопскиот земјотрес од 1963 година, урбанистот Пота соработува со јапонскиот архитект Кензо Танге во изготвувањето на урбанистичкиот план за централното градско подрачје на Скопје. Од Владата на СР Македонија е назначен да ја претставува во соработката со менаџерскиот проектантски тим раководен од полскиот архитект Адолф Циборовски. Љубе Пота работел како експерт на Обединетите нации во Перу и земјите од Средна Америка, а посебен белег оставил како проект менаџер на Генералниот урбанистички план и на Деталниот урбанистички план на кипарскиот главен град Никозија.