Претходна статија
Започна изградбата на нова општинска зграда во Арачиново
Следна статија
Италијанците со интерес гледаат кон македонските инфраструктурни проекти

Почина архитект Александар Никољски

Објавено на 12.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

На 81 – годишна возраст, почина еден од најзначајните македонски архитекти и професори на Архитектонскиот факултет Александар Никољски. Тој е еден од добитниците на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2006 година, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Бил член на Архитектонската академија на ААМ. Добитник е на наградата „13 Ноември“ на град Скопје, како и на други специјални награди и дипломи.

 

*Ентериерно решение на Музејот на Македонија, дело на архитект Александар Никољски. Извор: Михаил Токарев, 50 години обнова и изградба на Скопје.

 

Александар Никољски бил професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Тој е еден од основачите на традиционалната Меѓународна летна школа за архитектура. Бил декан на Архитектонскиот факултет. Меѓу неговите најзначајни реализирани архитектонски творби можат да се вбројат: Уредување на просторот за шаховската Олимпијада во Скопје со архитектот Илија Пулејков, Ентериерното решение на Историскиот музеј на Македонија, Домот на културата во Србица (Косово) со архитектот Илија Пулејков, Дом на културата во Витина (Косово) и мотелот „Македонија“ во близина на Велес со архитектот Илија Пулејков.