Претходна статија
Се помрднуваат од мртва точка плановите за реконструкција на охридската болница „Св. Еразмо“
Следна статија
„Трансмет“ ќе ја санира браната Пишица кај Пробиштип

По „Воинот на коњ“, на плоштадот пристигнува и „објектот со скулптурална композиција“

Објавено на 03.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопје ќе стане единствен европски град во кој една историска личност ќе добие два споменици на само стотина метри меѓусебна оддалеченост. Станува збор за вториот споменик на Мајка Тереза, кој во наредните 18 месеци ќе се гради на плоштадот „Македонија“. За градежните работи, од државниот буџет, на скопски „Бетон“ ќе му бидат исплатени 342.223.926 денари, односно околу 5,6 милиони евра. Слично како и во случајот со „Воинот на коњ“, Мајка Тереза во тендерската документација е именувана како „објект со скулптурална композиција“.

 

 

* Во отсуство на Субрата Рој, државата ќе го гради споменикот на Мајка Тереза

 

 

Спомен – обележјето со предвидена висина од дури 32 метри ќе се гради на пешачкиот коридор кај хотелот „Мериот“, за што ќе мора да се исечат и последните костени, кои традиционално претставуваа симбол на центарот на Скопје со децении наназад. Од Министерството за култура досега не излегоа со информации што ќе се случува со пешачкиот коридор, кој во иднина ќе мора да се затвори за минување поради реализирањето на градежните работи. За потсетување, поради изградбата на Панорамското тркало во моментов е затворен Кејот на реката Вардар, па оттаму се појавува прашањето од која страна граѓаните на Скопје ќе можат да му се приближат на плоштадот „Македонија“.

 

Спомен – обележјето на Мајка Тереза во центарот на Скопје ќе се гради врз основа на изработеното идејно решение на авторите Валентина Стефановска и Кирил Мукаетов. Основниот проект за „објектот со скулптурална композиција“ го подготви Градежниот институт „Македонија“. И покрај тоа што се работи за проект што би требало да претставува идно јавно добро на граѓаните, токму македонската јавност немаше можност да се запознае со изгледот на идниот споменик на Мајка Тереза. Министерството за култура нема објавено ниту една визуелизација на овој проект. Според денешните податоци на БИРН, владиниот проект „Скопје 2014“ со најновиот споменик на Мајка Тереза тежи над 606 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk