Поради порастот на степенот на моторизација и атрактивноста на некои реони, фактори кои доведоа до недостаток на паркинг простор во одредени периоди, Општина Струмица иницира изработка на проект за зонско паркирање. Со цел тој да се реализира без проблеми, општината ќе одржи јавна дебата за проектот и за проблемите со паркингот воопшто. Јавната дебата ќе се одржи на 03.05.2010 во просториите на Домот на АРМ во Струмица.