Претходна статија
Нови 52 милиони денари за катната гаража кај „Работнички дом“
Следна статија
Државата продава 19,5 хектари за туристичка развојна зона во Дојран

По примерот на Енергетскиот пасош, потребно е воведување и на Акустичен пасош за објектите

Објавено на 13.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Бучавата и звучното загадување се во постојан пораст и се голем проблем на современото живеење, а со тоа и еден од најзначајните предизвици со кои треба да се справи градежништвото. Од новите градби се бара се поголема звучна изолација, бидејќи разните видови бучава делуваат негативно врз човекот и предизвикуваат не само неудопство и уривање на квалитетот на живеењето, туку во поизразени случаи и сериозни здравствени и психолошки проблеми. Со цел подетално да се разгледаат состојбите на тема „Звучна заштита и акустика“ во градежништвото и да ги претстави своите решенија, Кнауф во просториите на Скопскиот Саем  денеска го организираше четвртиот семинар од циклусот „Кнауф Академија“.

 

Кнауф Академија - „Звучна заштита и акустика“Општо за звукот како физичка појава и звучната изолација зборуваше професорката Тодорка Самарџиоска од Градежниот факултет при УКИМ, а гостинот од Србија, Един Далифи од „Кнауф Изолација“ (Knauf Insulation), се осврна подетално на примената на минералните волни, кои освен што се извонреден термо – изолациски материјал, за разлика од стиропорот имаат и одлични звучно – изолациски карактеристики. Далифи рече дека согледувајќи ги потребите во градежништвото, „Кнауф Изолација“ во моментов развива софтвер за пресметка на звучната изолација кој наскоро ќе им биде достапен на проектантите.

 

Блажен Зотовски, советник за сува градба во Кнауф ги запозна присутните со својствата и примената на Knauf Diamant плочата за високи перформанси која меѓудругото пружа и зголемена звучна изолација, како и Knauf Silentboard плочата, специјално создадена за максимална звучна заштита, која се поставува на ѕидови и на тавани и со која може беспрекорно да се одвои многу тивко од многу бучно место, како на пример ноќен клуб. Покрај за изолација, Зотовски говореше и за звучниот конфор и системите за апсорпција на звук, при што ги спомна решенијата со Knauf Cleaneo перфорираните плочи, чија примарна намена е подобрување на акустиката во просториите.

 

Присутните на денешниот семинар се согласија дека за да се стави ред во оваа област, треба да се усвои соодветна легислатива која ќе биде во чекор со времето, а воедно да се воведат механизми на контрола за почитувањето на стандардите од страна на инвеститорите и изведувачите. Во овој правец беше изнесен и податокот дека аналогно на „Енергетскиот пасош“ кој наскоро ќе стапи на сила и во Македонија, во Германија веќе функционира и „Акустичен пасош“ за објектите.