Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го означи почетокот на изградбата на граничниот премин „Белановце – Станчиќ“ меѓу Македонија и Косово, финансиран со средства од Европската Унија. „Преку овој проект ќе им се олесни меѓусебната комуникација на граѓаните на овие и соседните општини, што, пак, претставува и основен предуслов за зголемување на трговската размена и економската соработка меѓу овие региони“ изјави вицепремиерот Османи. Реализацијата на овој проект ќе биде значајна за жителите од општините Липково и Куманово од македонска страна, како и Гнилане од косовска страна, кои досега кружеа по десетици километри за да стигнат до посакуваната дестинација.
*Извор на фотографија: Влада на Р.М.
Патот Опае – Белановце – Станчиќ започна да се гради пред повеќе од пет години. Градежните работи требаше да бидат завршени до април 2017 година, за што од државниот буџет се издвоија околу 6,1 милиони евра. И покрај тогашните ветувања на политичарите, овој граничен премин не проработе до денешен ден.