Претходна статија
Ветувањето за новиот театар „Центар“ изгубено во времето
Следна статија
Се реконструираат 42 објекти за социјална работа низ целата земја

По 13 години, повторно реконструкција на мостот „Гоце Делчев“

Објавено на 13.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје ќе мора повторно да одвои финансиски средства за реконструкција на мостот „Гоце Делчев“, кој во 2002 година беше целосно саниран од француската компанија „Фресине“. Денеска е распишан тендерот за избор на градежна компанија што ќе врши т.н. „употреба и одржување“ на мостот. За санацијата на сегашните аномалии на инфраструктурниот објект е проценето дека ќе се потребни 16.698.813 денари, или околу 270.000 евра без вклучен ДДВ. Образложението на градските власти е дека реконструкцијата е од приоритетен карактер, поради оштетување на надворешниот дел на мостот. Што точно е неопходно под итно да се санира, засега никој од Град Скопје не соопштува.

 

 

 

Претстојната реконструкција ќе се спроведе врз основа на донираниот проект за одржување на мостот „Гоце Делчев“ од страна на фирмата „ГЕИНГ Кребс унд кифер интернешнл и други ДОО“. Последната интервенција на овој инфраструктурен објект беше неговата „барокизација“ кон крајот на 2011 година. Старата ограда се промени со „барокна“, беа поставени и „барокни“ канделабри, додека на двата приоди кон мостот беа поставени четири бронзени лавови тешки по неколку тони.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk