Претходна статија
Лизгалиште и картинг патека во СЦ „Борис Трајковски“
Следна статија
Државното земјиште за индивидуално домување и за катни гаражи отсега по почетна цена од едно евро за квадрат

Плажа под „Стариот театар“ и Музејот „Македонска борба“

Објавено на 28.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес беше означен почетокот на градежните работи на Градската плажа 2 во Скопје. Плажата ќе се протега на левата страна на реката Вардар, на просторот помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. На површина од 1.775 метри квадратни ќе бидат поставени четири шанкови, 20 маси, 80 столoви, 80 лежалки, киосци, бина за одржување манифестации и детско катче со лулашки. Проектот исто така предвидува поставување на тушеви и соблекувална, а дел од плажата ќе биде и осветлено одбојкарско игралиште со димензии 22 х 14 метри (поле за игра 16 х 8 метри). Песокот за плажата е од рудникот Бањани.

 

Според градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, изгледот на Градска плажа 2 ќе наликува на Градска плажа 1, којашто профункционира минатото лето. Изведувач на градежните работи е фирмата „Алкон”, а инвестицијата во вредност од околу 9 милиони денари е обезбедена од градскиот буџет. Предвидено е плажата да биде отворена на 1 мај.

 

###