Претходна статија
900 милиони денари ќе отидат на Рајски парк во општина Аеродром!
Следна статија
До септември ќе биде реконструиран патот Тетово - Брвеница - Гостивар

Пет енергетски ефикасни објекти со паричен „поврат“ во Карпош

Објавено на 10.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопската општина Карпош денеска им врачи паричен „поврат“ на пет инвеститори во енергетски ефикасни објекти на нејзината територија. Станува збор за финансиски средства во износ до 20% од уплатените комуналии во општинската каса, што ќе треба да претставува стимул и за останатите субјекти да инвестираат во енергетската ефикасност. „Во зависност од тоа каква изолација имаат вградено објектите, какви прозори имаат ставено, дали се тие енергетско-ефикасни, со низок коефициент на пропустливост на топлина, дали користат обновливи извори на енергија, и натаму какви потрошувачи имаат внатре во самиот објект, следи и процентот на поврат на таксите платени од локалната власт“, образложи градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

 

 

 

Од Општина Карпош сметаат дека ваквиот проект треба да претставува пример и поттик за останатите локални самоуправи, но и за надлежните министерства, во насока на поддршка на објектите со применети стандарди за енергетска ефикасност. Во периодот од 2012 до 2014 година на територијата на Општина Карпош се изградени 244 енергетско ефикасни објекти, од кои 117 се од класите А и Б.