Претходна статија
Осум понуди за рехабилитација на пругата Куманово - Бељаковце
Следна статија
Распишан тендер за довршување на Филхармонијата

„Пелагонија“ од Гостивар ќе ја проширува улицата „Јордан Мијалков“

Објавено на 04.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Улица „Јордан Мијалков“Градот Скопје ја избра градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар за реконструкција и проширување на улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна „Железничка“), на потегот од крстосницата со булеварот „Мајка Тереза“ до крстосницата со улицата „Павел Шатев“, во должина од околу 850 метри.  Во согласност со изработениот проект, улицата ќе има четири коловозни ленти, ќе се изведат нови тротоари и ќе се постави ново улично осветлување. Со претстојниот зафат е планирано да се реконструира и постојната атмосферска, водоводна и фекална канализација. Финансиската конструкција за реконструкција и проширување на коловозот изнесува 43.483.000 денари или околу 700 илјади евра. Изведувачот треба да го реализира проектот во рок од осум месеци.

 

Улицата „Јордан Мијалков“ е една од ретките скопски улици на кои во моментов се одвива еднонасочен сообраќај. Една од причините за тоа е што оваа сообраќајница во централното градско подрачје претставува тесно грло бидејќи истовремено се користи и за паркирање на автомобилите на станарите од околните згради, но и на корисниците на услугите на Клиничкиот центар.