Новиот парк кој се простира на 35.000 метри квадратни покрај кејот на Вардар во Ново Лисиче, денеска официјално беше отворен од страна на градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски. Централно место во паркот имаат двете импровизирани писти и школката на авионот „Lockheed T-33“. Од Општината очекуваат двата шанка изградени покрај пистата, како и бесплатниот интернет, да придонесат за поголема посетеност на новоуредениот простор. Изградбата траеше околу една година, градежните работи ги изведуваше фирмата „Новиком-конструктор“, а финансиите во висина од околу 600 илјади евра се издвоени од буџетот на Општина Аеродром.
» Форумска дискусија за овој проект